Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гојко Јаковлевски за Фактор 24: Груевски и луѓето околу него се борат да останат на власт плашејќи се да не завршат во затвор

Гојко Јаковлевски за Фактор 24: Груевски и луѓето околу него се борат да останат на власт плашејќи  се да не завршат во затвор

ВМРО ДПМНЕ не успеа да формира Влада и сега треба да биде конструктивна опозиција во Парламентот. 

Никола Груевски треба да ја напушти лидерската позиција и партијата да одржи конгрес на кој ќе се избере нов претседател, вели Гојко Јаковлевски еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ во интервју за емисијата Фактор 24. 

Во разговорот што ќе се емитува во вечерашното издание, Јаковлевски зборува и за неговата средба со Груевски на која го убедувал да си подаде рака на помирување со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. 

„Мислам дека Груевски и луѓето околу него не сакаат да ја предадат власт плашејќи се дека може да завршат во затвор поради сиот криминал што го имаат направено, а што можевме да слушнеме и од прислушуваните разговори“ - оценува Јаковлевски кој заедно со Драган Богдановски, Владимир Змејковски и Љубчо Георгиевски ги поставиле темелите на ВМРО ДПМНЕ. 

Јаковлевски во интервјуто за Фактор 24 со став и за одлуката на ВМРО ДПМНЕ да го номинираат Ѓорѓе Иванов за претседател, за средбите на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов со идниот премиер Зоран Заев.

 „Не ја исклучувам можноста Георгиевски, Бошковски и Ангелов да бидат дел од идната  Влада"-  вели Јаковлевски за Фактор 24.

Целото интервју на Јаковлевски за Фактор 24 ќе може да го гледате вечерва на ТВ24 во 19.15 часот. 

Фактор 24 е политичко економски магазин во изработка на веб порталот Фактор.мк. 


Слично

Поврзани вести