Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОДИНАТА НЕ БЕШЕ МНОГУ ПЛОДОНОСНА: Каква храна им недостига на мечките в шума?

ГОДИНАТА НЕ БЕШЕ МНОГУ ПЛОДОНОСНА: Каква храна им недостига на мечките в шума?

Оваа година не беше многу родна и тоа придонесе мечките во потрага по храна да се спуштаат во населените места. Последниве месеци имаше движење на мечки во руралните средини во западниот дел на државата и тоа ги вознемири тамошните жители. Стручните лица велат дека депониите и контејнерите се мамец за овие животни.

Диме Меловски, програмски координатор за диви животни во Македонското Еколошко Друштво (МЕД) вели дека многу битен фактор е дали годината била родна и од тоа зависи дали за мечките ќе има доволно храна.

„Едноставно некои години се помалку плодоносни од други и тоа беше случајот овие лето и есен. Мечките главно се хранат со растителна храна, односно плодови од овошни дрвја. Околу половина од исхраната на мечките во преспанскиот регион се од дива слива, ама клучна улога има и сезонската достапност на плодовите и растенијата. Треви и цвеќиња во раната пролет, дива цреша јадат напролет, дива слива на лето, а јаболки и јаткасти плодови како желади, буклинки јадат наесен. Предацијата (ловење на животни) и мршојадење имаат незначителен удел во исхраната на мечките во Преспа. Ама сметаме дека е така и во другите региони од Западна Македонија каде што е овој вид распространет“, вели Меловски.

Казафер Емрулоски од селото Броштица во западниот дел на Македонија раскажува дека мечките ги има близу селата и мештаните се крајно внимателни за да не се изложат на опасност.

„Ги среќаваме ако не секој ден, тогаш секој втор ден покрај асфалтниот пат кога се движиме од Мелничани кон Броштица. Поминуваме со возила, пеш не смееме да одиме. Мечките ги има над селото, испод селото, ги гледаме често. Во шумата нема желади како порано, нема глог, нема дренки. Луѓето порано одеа да собираат чаеви, билки кои овде ги има, но сега не смеат поради мечките“, рече Емрулоски.

Мечките во Жировница убиваа домашни животни и предизвикаа страв кај селаните. Пред три седмици, мечка нападна повозрасен жител на Пласница кој отишол в шума за да бере дренки. Човекот се здоби со повреди, а мечката избегала откако ловци почнале да пукаат во воздух во близина. Минатиот месец Владата соопшти дека ги задолжила Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат кафеавите мечки.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести