Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ЌЕ СВЕДОЧИ ВО ПЕТОК - продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ЌЕ СВЕДОЧИ ВО ПЕТОК - продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Во Кривичниот суд во петок треба да продолжи судењето против првообвинетиот Љупчо Палевски за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Се очекува да сведочи сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото убиеното девојче Вања, Александар Ѓорчевски, според досегашните искази на другите сведоци, бил во потрага по Вања и прибирал и гледал видео снимки од околните објекти.

Инаку денеска продолжи судењето со презентација на материјални докази, а меѓу нив во судница беше покажана фотографија на безживотното тело на Жежовски, кој беше пронајден мртов на 03.12.2023 година. Бил убиен на 22.11.2023 година.

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 нагласи дека исказите на обвинетите се совпаѓаат со материјалните докази, вклучувајќи и видео снимки на местото на злосторството, кои ги покажале самите обвинети.

Тој праша: „Кој друг би можел да знае за местото на злосторот освен обвинетите?“

Во врска со откриените записници кај Љупчо Палевски, Коцевски потврди дека тие постојат, но нагласи дека не можат да потекнуваат од Обвинителството.

Слично

Поврзани вести