Гоце Наумовски е избран за нов уставен судија
Со 63 гласа „за“ Гоце Наумовски е избран за нов уставен судија.
Наумовски пoтоа даде свечена изјава со која се обврза дека највисокиот правен акт во државата – Уставот, ќе го штити совесно и одговорно.
Изборот следи по оставката на поранешната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, а мандатот на уставните судии е девет години.
Наумовски е редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ, на катедрата по Римско право, со наставни предмети и во доменот на правото и информатичката технологија и интелектуалната сопственост.
Слично
