Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОБ 8 септември вонредно: Повторно станува Ковид центар

ГОБ 8 септември вонредно: Повторно станува Ковид центар

ГОБ „8 Септември“ ќе отвори дополнителни капацитети за хоспитализација на заразените со тешка форма на Ковид-19. Потребата доаѓа со зголемување на бројот на пациенти на другите клиники и во модуларната болница. Дека Градската општа болница станува повторно најголем ковид центар потврди вчера претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, во интервју за Канал 5. 

Пред една недела и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов, тврдеше дека со напливот на пациенти тоа ќе биде неизбежно. 

„Тое е многу непопуларно, сосема подеднакво и за медицинскиот кадар, но и за граѓаните кои не се зареазени од вирусот, а кои имаат итна потреба од хируршки интервенции, како и хоспитализации по друга основа. Во ГОБ „8 Септември“, има огромен број хирурзи кои изминатите месеци имаа крајно намален капацитет на работа, поради тоа што болницата беше најголемиот Ковид-центар во Македонија. Во еден момент имаше дури и 185 пациенти, истакна директорот Костов.


Слично

Поврзани вести