ГО ЗАБОДЕЛ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ: 17-годишник во училиште нападнал 15-годишник, му нанел телесни повреди
Вчера во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на едно средно училиште во Кичево, 17 - годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15 годишен ученик во истото училиште и му нанеле телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.
„Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Слично
