ГО ВОЗВРАЌААТ УДАРОТ: Да се преиспита деловната способност на Арсовска, од ВМРО-ДПМНЕ не и останаа должни на градоначалничката
Се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на Данела Арсовска, со која, метафорички го нарече лидерот на ВМРО-ДПНЕ, Христијан Мицкоски, „најголемо ѓубре“.
„Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слицни карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски.
Данела Арсовска потребно е да си даде оставка и да престани да го измачува Скопје.“ велат од партијата.
