Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ВОДЕШЕ ПРЕДМЕТОТ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ: Ристовска избрана за заменик-претседателка на ДКСК

ГО ВОДЕШЕ ПРЕДМЕТОТ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ: Ристовска избрана за заменик-претседателка на ДКСК

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Цвета Ристовска ќе биде заменик претседателка на Комисијата.

Ристовска, која го водеше предметот за предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ќе стане заменичка на 21 август, бидејќи тогаш истекува мандатот на актуелната заменик претседателка, Билјана Каракашева Шулев.

Оваа функција, заменик на претседателот на антикорупционерите е ротационо место - се менува по азбучен ред од презимињата на членовите, но со мнозинство на гласови.

Ристовска ќе ја води Антикорупциската комисија до изборот на нов претседател, односно до завршување на локалните избори, а откако претседателката Татјана Димитровска си поднесе оставка под притисок на јавноста, бидејќи е обвинета за две кривични дела.

Слично

Поврзани вести