„ГО УНАКАЗИВТЕ КАМЕНИОТ МОСТ, ЈА УПРОПАСТИВТЕ ЧАРШИЈАТА, ГИ УБИВТЕ ПАРКОВИТЕ. ВИЕ СТЕ ТРОГЛАВА АЖДАЈА:“ Најчевска во нејзин стил го сподели тоа што им го замерува на владејачките партии низ годините
Професорката Мирјана Најчевска, по пожарот во Универзална сала, не остана должна па наброја неколку работи кои, според неа СДСМ-ВМРО-ДУИ ги уништиле во земјава.
„Изградивте шопинг мол покрај паметникот за земјотресот.
Го унаказивте камениот мост.
Ја упропастивте старата чаршија.
На среде плоштад поставивте симбол на лажно минато.
Поставивте и оставивте триумфална капија која не асоцира на победите туку на сите порази кои ги има доживеано оваа држава.
Вардар го претворивте во луна-парк, а луна - паркот го срамнивте со земја.
Ги убивте парковите.
Еден по еден од симболите на Скопје ги палите, рушите или унакажувате.
Вие сте троглава аждаја која мора да биде уништена или ние бел ден нема да видиме.
Треба да си навистина зелка упорно, одново и одново да ги носиш на власт истите тие кои на сите можни начини не само што го извитоперуваат минатото, туку ги сечат сите корени и сеќавања.
Тоа се тие три партии СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ кои со децении не претвораат во смрдена баруштина од која сите бегаат а главниот град го промовираат како најгротескната какафонија која постои на тлото на Европа, напиша таа на фејсбук.
