Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го украле споменикот од гробот на великаните Стале Попов и Бранка Поповска, Обвинителството бара притвор

Го украле споменикот од гробот на великаните Стале Попов и Бранка Поповска, Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје денес изнесе информација дека четворицата уапсени, кои вчера ги фати полицијата при самата кражба, ги сквернавеле гробовите за да ги украдат приватно изработените спомен бисти на великаните Столе Попов и Бранка Поповска.

Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

„Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат“, објави ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

МВР вчера објави дека кражбата се одвивала околу 18:30 часот, а од слобода се лишени О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.


Слично

Поврзани вести