„ГО УКИНАА ВО 2019 БИДЕЈЌИ ПОТСЕТУВАЛО НА ГРУЕВСКИ“: Експремиерот со критика за Заев, „троши проневерени евра во Емиратите, Сингапур, Индија, Малезија, Грција“
Екс премиерот Никола Груевски, со реакција дека проектите на неговата влада за бесплатна бања за пензионери и бесплатно зимување и летување за деца без родителска грижа биле преземани од други поспособни влади, додека во Македонија, овие проекти биле укинати во 2019 година, заради тоа што „потсетувале на Груевски“.
„Земјите со поспособни влади во регионот го превземаа, СДСМ со Заев ги укина. “Бесплатна бања за пензионери” беше максимално искористено и за разлика од некои други земји во регионот беше за сите пензионери без оглед на висината на пензијата.
Го укинаа во 2019 година, бидејќи “потсетувало на Груевски”.
Вeројатно заради истото ги укинаа и бесплатните летувања и зимување на деца без родителска грижа и единствено ги оставија само таквите за деца од социјално ранливи семејства. Го укинаа и додатокот за трето и четврто дете.
Така, пензионерите и децата без родителска грижа сега седат дома и сонуваат бања или одмор, но тој што им ги укина, од некогашен ситен лихвар и продавач на пазар во Горни Милановац, подоцна трговец со идентитет на цел еден народ, сега неказнет и убеден дека така ќе остане засекогаш, троши милиони проневерени евра низ Емиратите, Сингапур, Индија, Малезија, Грција…ги инвестира парите од рекетот и од провизиите направени во Македонија во недвижности низ Азија, во трговија со железо од Русија и во други бизниси, авансно има платено на многу места да не биде спомнуван и вознемируван на било каков начин и таа жицата македонска да не му ја гибате ако може“, напиша тој.
