ГО УЧИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И СНИМА АЛБУМ ВО СКОПЈЕ: Бараона, интернационалната пејачка има импресивна соработка со најпознати музички имиња од Македонија
Родена е во
Португалија, а растела во Бразил. Музиката на Амалиа Бараона е прослава на
нејзиното созревање и влијанието на Боса Нова стилот. Во доцните осумдесетти
години се вратила во Европа и почнала да покажува интерес кон џезот, кој го
вметнува во својот музички израз. Кариерата ја започнала во Брисел, но, во 2002
година доаѓа на Балканот и отогаш почнува професионално да се занимава со
музка. Издала четири албуми и соработува со различни музички состави од
Македонија, Албанија, Хрватска, Портогалија и Италија.
Песните од новиот албум ги доработува во студиото „Подрумот“ на познатиот музичар и продуцент Анѓел Ќосев.
Како дојдовте до идеја да снимате во Македонија?
- Моите музички врски со Македонија започнаа кога живеев во Албанија, преку Тони Китановски, кого го запознав во Тирана во 2007 година. Една година подоцна, со поттик на Тони, за првпат снимив демо во Скопје со прекрасните македонски музичари Александар Секуловски, Иван Бејков. и Јовица Јовановски, со Ален Хаџи-Стефанов како инженер за звук. Во 2015 година го снимив мојот трет албум „3 Мундус“ во Скопје, продуциран од Тони Китановски, кој исто така свиреше гитара. Кога на крајот на минатата година одлучив да подготвам и снимам нов музички проект, Македонија беше природен избор за мене. Тони Китановски, продуцентот на мојот албум „Секој ден малку љубов“ (“Everyday a little love”) топло го препорача Ангел Ќосев и неговото студио „Подрумот“како тонски инженер. Тој работи на микс на новиот албум, кој беше снимен во студиото FAMES Project. И јас сум среќнa што работам со Ангел!
Се трудите да учите и македонски јазик, како ви успева?
- Па, се обидувам, но сè уште не успевам. Разбирам изборувам малку македонски затоа што живеев шест години во Скопје. Исто така живеев и во Хрватска,а сега во Србија. Но, звуците и граматиката се толку различни од португалскиот јазик и воопшто не е лесно. Врската со вашата земја е сè што споменав претходно: живеев овде од 2013 до 2019 година, музиката ме донесе овде и пред тоа и постојано ме враќа тука. Македонците се топли пријателски расположени луѓе, има огромен талент во оваа земја и секогаш работев многу добро со македонски музичари кои знаат да уживаат во бразилската музика.
Целото интервју на Женски Магазин