Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГО УБИЛ СОПСТВЕНИОТ БРАТ НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН“: ОЈО поднесе обвинение за грозоморниот настан во Кавадарци

„ГО УБИЛ СОПСТВЕНИОТ БРАТ НА НЕГОВИОТ РОДЕНДЕН“: ОЈО поднесе обвинение за грозоморниот настан во Кавадарци

Поднесено е обвинение против жител на Кавадарци за убиство на сопствениот брат, соопштува Основното јавно обвинителство. Од таму укажуваат дека по спроведената истрага од страна на ОЈО Кавадарци поднесен е Обвинителен акт против едно лице за кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

- Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. 

Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.

Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети - појаснуваат од ОЈО.

Додаваат дека во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.

Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Слично

Поврзани вести