Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО СМЕНИЈА ИМЕТО: Отсега ќе се викаат Македонија осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс груп

ГО СМЕНИЈА ИМЕТО: Отсега ќе се викаат Македонија осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс груп

Ново кратко име ќе има една осигурителна компанија во земјава.

Македонија Иншуренс груп отсега натаму ќе се вика Македонија Скопје Иншуренс груп.

За ова компанијата ја извести Берзата преку ценовно чувствителна информација.

„Ја информираме јавноста дека, по претходно спроведена постапка согласно одредбите од Законот за трговските друштва, Законот за едношалтерскот систем, Законот за супервизија на осигурување и подзаконските акти на Агенцијата за супервизија на осигурување, извршена е промена на краткиот назив на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп.

И покрај промената на кратикиот назив, фирмата на Друштвото (запишана во Трговскиот регистар што се води при Централниот регистар на Република Северна Македонија) останува непроменета и Друштвото продолжува да функционира во форма и начин како што е запишано во предметниот регистар.

Новиот краток назив на Друштвото на македонски јазик е:

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп

Новиот краток назив на Друштвото на англиски јазик е:

MAKEDONIJA Insurance s.c. Skopje – Vienna Insurance Group

Употребата на новиот краток назив од страна на Друштвото ќе започне од први јули оваа година“, се вели во ивестувањето од Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп.

Слично

Поврзани вести