ГО СЛАВИМЕ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: Среда е неработен ден за сите граѓани
Среда е неработен ден за сите македонски граѓани. 8-ми септември 2021 година (среда), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на земјава.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, во согласност со Законот за празниците соопштува дека оваа среда е неработна.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Македонија им го честита Денот на независноста.
Со убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
Слично
