„Го сакам Водно“ мобилизира луѓе за борба против багерите
Иницијаторите на групата „Го сакам Водно“ кои се против изградбата на гасоводот низ парк-шумата објавија јавен повик за одбрана на планината од дополнителна сеча, така што на Фејсбук повикаа што е можно повеќе луѓе да го бранат, по вчерашното препукување со Владата на РМ.
„Дојде време Водно да се брани на терен. Дојде време кога сите сме му потребни на Водно. Друго нема. Владата одобрува градење, багерите ќе работат. Ако сакаме да спречиме уште еден масакр и тоа најтежок до сега, после сите кули, патишта, градови на Водно и во име на „подобра иднина за сите” - контактирајте не со испраќање на порака или коментирајте јавно.
Вчера Владата на РМ објасни дека не се гради ништо на Водно речиси четири месеци, додека еко-активистите тврдеа дека машините се активирани без владина одлука.
Секој, буквално секој, што може да дојде горе, колку и да е тоа кратко, дали пешки, дали со
автобус до средно, па жичара до врв, а од таму до Седло каде се багерите, сите сме
потребни горе на Водно. #JeSuisVodno е горе на срт! Настанот почнува утре и ќе трае секој
ден додека не се запре со лудилото на Водно, „Водно го решетаме, ‘ршум го праиме за
повисоки цели, за доброто на сите”.
Пратете ни порака, пишете или коментирајте јавно, да се организираме за континуиран
надзор и жив ѕид ако сакаат да рамнат уште писти и булевари горе!“ се вели во апелот на „Го сакам Водно“.
