ГО ПРОЗВАА ЈОВАН МИТРЕСКИ: Aлбанската опозиција најави блокади на улиците ако не се избере член на ДИК
Блокирање на улици најавува албанската опозиција ако не се избере член на Државната изборна комисија(ДИК). Се надеваат дека следните денови ова ќе се случи.
Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада.
Пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниетo да го предложи кандидатот на албанската опозиција.
Вели дека доколку новиот спикер на Собранието, Јован Митрески продолжи да го блокира овој процес, исто како Талат Џафери, тогаш ќе се докажат две работи, односно дека ДУИ и СДСМ заедно се обидуваат да ја осакатуваат ДИК за да ги фалсификуваат изборите.
Слично
