Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПРИЗНАЛЕ ДЕЛОТО: Бугарската полиција ги откри лицата кои го демолираа македонскиот клуб

ГО ПРИЗНАЛЕ ДЕЛОТО: Бугарската полиција ги откри лицата кои го демолираа македонскиот клуб

Бугарската полиција привела четири лица кои признале дека го искршиле македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. 

Полицијата во Благоевград информира дека се откриени сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот клуб, пишуваат бугарските медиуми. Демолирањето се случи на 4-ти февруари кога бугарски граѓани направија инцидент  на бугарската граница, по што полицијата ги приведе, добија казни од 300 евра и забрана за влез во Македонија во период од 3 години. 

„Ова е соба, дури не е ни клуб во смисла на клуб. Создаден е со цел да се направи провокација. Мислам дека ова е продавница според податоците од катастарот“, изјави градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов. 

Вели дека кршењето на прозорците на клубот било реакција на случувањата во Mакедонија во саботата каде македонските политичари воделе антибугарска кампања.

Клубот беше отворен на 30 октомври лани. 

Слично

Поврзани вести