Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПРИЗНАЛ ДЕЛОТО: Човек од велешко село предизвикал пожар

ГО ПРИЗНАЛ ДЕЛОТО: Човек од велешко село предизвикал пожар

Човек од околината на Велес е уапсен поради предизвикување пожар. 

Во Велес, вчера полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 6 август околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ.

Полицијата досега уапси повеќе лица поради подметнување или предизвикување пожар. Уапсен беше маж од Али Коч, радовишко, од Свети Николе и други места. 

Пет месеци затвор доби 25-годишниот жител на Горно Оризари С. Ц. за предизвикување пожар. Обвинетиот ги признал делото, по што судија на Основен суд Велес го прогласи за виновен и му изрече затворска казна. 

Слично

Поврзани вести