Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПРАЗНУВАМЕ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: Eве какво време се очекува

ГО ПРАЗНУВАМЕ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: Eве какво време се очекува

Утре во Македонија е неработен ден за сите граѓани бидејќи се празнува 8-ми Септември - Денот на независноста. 

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави дека во согласност со Законот за празниците, 8 септември 2020 година, Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани. 

МТСП на граѓаните во државава им го честита Денот на независноста.

На празничниот ден можно е времето да изненади со промена. 

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Според временската прогноза, попладне во западните планински подрачја ќе има  услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Во наредните денови ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер.

Слично

Поврзани вести