Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПОВИКУВАМ ЈОВЕВ ДА БИДЕ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТНИК ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА: Меџити го повика разрешениот директор да му биде дел од кабинетот

ГО ПОВИКУВАМ ЈОВЕВ ДА БИДЕ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТНИК ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА: Меџити го повика разрешениот директор да му биде дел од кабинетот

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

Тој нагласи дека Јовев ќе продолжи да биде вработен во Клиниката и ќе ја има неговата поддршка во понатамошното работење.

„Го повикувам да биде национален советник за кардиохирургија. Јовев продолжи да биде вработен во Клиниката за кардиохиругија. Ќе ја има мојата посветеност и поддршка во натамошното работење“, рече Меџити.

Меџити посочи дека ќе бара зголемен буџет за Клиниката за државна кардиохирургија.

„Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат подобро и да ги зголемиме позитивните резултати и да им излеземе во пресрет на пациентите, додаде министерот.
Целта е Клиниката за кардиохирургија и програмата за трансплантација да функционираат позитивно и да ги зголемиме резултатите“, додаде тој.

На брифингот беше посочено и дека Јовев не е единствениот разрешен директор, откога Меџити е на функција министер. 

- Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени, додаде Меџити, истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.


Слично

Поврзани вести