„Го помешале Обвинителството со сопствен избор на 'мис' па почнаа јавно да оценуваат кој е 'подобен', а кој не“: Чупеска по изјавата на Мицкоски
Професорката и поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска, се огласи на социјалните мрежи со забелешка за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за кандидатите за јавни обвинители, поточно за неговата изјава за кандидатката Ленче Ристоска.
- Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на "мис", па почнаа јавно да оценуваат кој е 'подобен', а кој не.
Да појасниме:
Во демократија, премиерот не ги бира обвинителите како на пазар ('овој ми прави мерак, овој не чини').
Ако политиката е таа што дефинира кој е 'подобен' да гони криминал, а кој не е, тогаш не очекувајте правда – очекувајте нарачана послушност.
Уште колку пати ќе го гледаме истиот лош филм за 'заробена држава'?!
Кога политичарот ќе влезе во судницата, правдата по дефиниција излегува низ прозорецот - напиша Чупеска на Фејсбук.
Во текот на вчерашниот ден реагираше и самата Рисотоска кој посочи „Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“.
Слично
