Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ПОЧИТУВАЛА КУЌНИОТ РЕД ВО ЗАТВОРОТ: Јанкулоска наскоро ќе биде на слобода

ГО ПОЧИТУВАЛА КУЌНИОТ РЕД ВО ЗАТВОРОТ: Јанкулоска наскоро ќе биде на слобода

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по три години поминати во затворот Идризово наскоро ќе биде на слобода.  Апелациониот суд Скопје на седница одржана на 4 месецов, ја прифати молбата за условен отпуст на Јанкулоска, со што се отвори патот таа на 1 ноември да го напушти најголемиот затвор во земјата. Условот е до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело. 

„Постапувајќи по кривичниот предмет КР-133/23, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, а ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје. Решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 01.11.2023 година од издржување на казната затвор“, соопшти Алепациониот суд.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори - Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, таа ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања. Исто така, имала развиено чувство за лична и општествена одговорност и однесувањето и било во склад со општествените норми.

Неодамна во интервју за 360 степени таа раскажа дека во затворот читала книги, стручна литература, но и дека  ѝ недостига семејството. 

Слично

Поврзани вести