Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ОСТАВИЈА НАЈТЕШКОТО ЗАД СЕБЕ - 4.000 македонски граѓани ја добија битката со КОВИД-19

ГО ОСТАВИЈА НАЈТЕШКОТО ЗАД СЕБЕ - 4.000 македонски граѓани ја добија битката со КОВИД-19

Вчера имаше најголем број на новозаразени со КОВИД-19 досега, но и рекорден број оздравени. 

Во последното деноноќие оздравеле 368 лица. Институтот за јавно здравје регистрира оздравени и тоа по следниве градови - Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4. 

Вкупниот број, пак, на оздравени пациенти досега е близу 4.000 или прецизно 3.960 лива. Тие најтешкото го оставија зад себе и можат да го продолжат животот неоптоварени со мерките за заштита.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777. Бројката на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449. 

Слично

Поврзани вести