Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ: Жените нема да работат подолго

ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ: Жените нема да работат подолго

Швајцарците го одбија предлогот за реформи во пензискиот систем со кој Владата сака да се соочи со стареењето на населението. 

Од 26 кантони, 14 се изјасниле против тоа жените да работат година дена повеќе. 

Тоа значеше жените да работат до 65 години за да добијат полна пензија, а овој предлог и претходно иницираше критики. 

Конечни резултати ќе има вечерва, но повеќе од јасно е дека предлогот пропадна. 

На промени се противеа либералите, десните кругови и економистите. 

Тие сметаа дека ова ќе биде казна за сегашните работодавци и млади луѓе, а ќе биде  придобивка за идните пензионери. 

Слично

Поврзани вести