Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ОДБИЈА И ДИК И УПРАВЕН СУД: Вреди нема да има кандидат во Бутел

ГО ОДБИЈА И ДИК И УПРАВЕН СУД: Вреди нема да има кандидат во Бутел

И Државната изборна комисија и Управниот суд донесоа одлука со која е одбиена кандидатурата на Бехар Емини, кого владејачката Вреди го кандидираше за градоначалник на Бутел. 

Емини преку социјалните мрежи вели дека одлуката ја донеле судии назначени од претходната власт, а поради „мало“ задоцнување со доставените документи.

„Почитувани граѓани на општина Бутел, со жалење ве известувам дека - против мојата волја и подготвеноста на ВЛЕН да ме номинира за градоначалник на општина Бутел - Државната изборна комисија ја отфрли мојата кандидатура. ДИК одби да ги прифати доставените документи со мало задоцнување, додека Управниот суд - како расадник на судии назначени со претходната власт - само го потврди ставот на ДИК“, напиша тој.

Сепак, Управниот суд образложува поинаку - во личната карта со која се кандидирал Емини на 15 септември било наведено живеалиште во Општина Чаир, а не во општината за која се кандидирал. Откако била одбиена неговата кандидатура, Емини доставил доказ дека сменил живеалиште: Потврда за прием на барање за издавање на лична карта издадена на 12.09.2025 година. 

Коалицијата Вреди на ден 16.09.2025 година, дополнително до ОИК Бутел доставила нова лична карта со број N0641371 и Потврда од казнена и кривична евиденција издадени од Основен кривичен суд Скопје од кои како што навеле од Коалицијата, лесно можело да се утврди дека кандидатот имал живеалиште во Општина Бутел, па оттука и право да се кандидира за градоначалник на истата.

„Тужбата на тужителот Коалиција ВЛЕН - Локални избори 2025, Скопје-Чаир поднесена преку овластено лице Аднан Азизи, изјавена против Решението на Општинска изборна комисија Бутел бр.11-74/1 од 17.09.2025 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. Решението на Општинска изборна комисија Бутел бр.11-74/1 од 17.09.2025 година, СЕ ПОТВРДУВА“, стои во соопштението на Управниот суд.

А.Т.

Слично

Поврзани вести