ГО ОБЈАВИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СО ЦРНА ЛЕНТА: Новак Ѓоковиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ изрази сочувство за жртвите кои настрадаа во пожарот во Кочани.
Тој на Инстаграм стори го постираше македонското знаме и црна лента врз него. Во пожарот загинаа 59 луѓе, а има и голем број повредени. Српската влада со едноминутно молчење им оддаде почит на загинатите, а во вторник кај нив ќе биде Ден на жалост.
Слично
