Го нашле затрупан во одрон од земја: Машинист загина во рудникот „Суводол“
Триесет и осумгодишник, машинист од Прилеп загинал при несреќа во рудникот „Суводол“. К.Т. ноќеска во 02.30 часот бил пронајден затрупан во одрон од земја, соопшти битолската полиција.
„Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, стои во соопштението.
Слично
