Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Го нарушува угледот - апелирам да реагираат сите надлежни органи“: адвокатката на газда Деко со реакција по денешниот протест

„Го нарушува угледот - апелирам да реагираат сите надлежни органи“: адвокатката на газда Деко со реакција по денешниот протест

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на првообвинетио и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба на нејзиниот лик на транспарентите, кои ги носеа учесниците во денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани.

Коцевска стана особено позната во јавноста бидејќи е адвокатка на  Дејан Јованов - Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“ која изгоре во пожар во кој изгореа 63 лица и беа повредени над 200 присутни. 

Во продолжение следува реакцијата во Коцевска во целост: 

„Во својство на бранител на дел од обвинетите во кривичниот предмет за трагичниот настан во Кочани, досега се воздржував од секакви напади во име на емпатичноста и сочувството со болката на родителите на починатите. Меѓутоа, откако јавно се изложи револт за мојата покрената кривична постапка за вандализмот што се случи на 17.03.2025год од одредени НН лица кои родителите ги оправдуваат, а согласно законот се подложни на одговорност, повеќе немам простор да се воздржувам. 

Имено, родителите си дозволија да организираат штрајк во кој мојот лик е злоупотребен и фотошопиран во небулозна форма која не само мојот, туку го нарушува угледот на секој еден адвокат и за ова треба и апелирам да реагираат сите надлежни органи на РМ во заштита на нашата професионална должност пред се, а потоа и во насока на заштита на нашиот интегритет и достоинство како носители на правната заштита и владеење на правото“, стои во реакцијата. 

Слично

Поврзани вести