Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО НАРУШИЛА УГЛЕДОТ НА СУДИИТЕ: Ќе има интерпелација за Весна Дамева

ГО НАРУШИЛА УГЛЕДОТ НА СУДИИТЕ: Ќе има интерпелација за Весна Дамева

Ќе има интерпелација за Весна Дамева, затоа што како што се наведува го нарушила угледот на судиите. 

Недоследно спроведување на надлежности, негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и целиот правосуден систем се причините поради кои група пратеници поднесоа интерпелација. 

Весна Дамева за член на Судскиот совет ја предложи поранешниот претседател на Македонија Стево Пендаровски. Таа беше и претседателка на Судскиот совет. Данева, како и другите членови на Судскиот совет беше избрана од Собранието.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа иницијатива за изгласување недоверба (интерпелација) за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од законодавниот дом. Од 15 членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Слично

Поврзани вести