Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го наполнија цел плоштад за протести, а АХВ им се чуди на барањата

Го наполнија цел плоштад за протести, а АХВ им се чуди на барањата

Од Агенцијата за храна и ветеринарство објавија дека ништо не ги спречува здруженијата, особено оние за заштита на кучињата-скитници, да ги згрижуваат, по протестот на „Сонувам за хумано утре“ на кој голем број граѓани бараа државата да обезбеди дом за секое животно од улица.

Во однос на протестот на здруженијата за заштита на животните и истакнатите барања до надлежните институции, реагираше Агенцијата за храна и ветеринарство..

Од таму наведуваат дека не постојат законски пречки едно прифатилиште да биде раководено од здружение за заштита на животните, доколку истото ги исполнува сите законски услови.

 Агенцијата појаснува дека контролата на популација на кучиња, согласно законот за благосостојба на животните е надлежност на општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје.

„Секоја општина или град Скопје, треба да воспостави систем на прифатилиште. Законот не обврзува секоја општина самостојно да воспостави прифатилиште за бездомни животни, односно заедничко прифатилиште можат да основаат и повеќе локални самоуправи“, се наведува во соопштението на АХВ од каде додаваат дека тие ги одобруваат прифатилиштата во зависност од тоа дали и колку ги исполнуваат условите пропишани во законските и подзаконските акти кои ја регулираат оваа материја..

На протестот „Сонувам за хумано утре“ граѓаните побараа хумано општество во кое живеат не само луѓето, туку и сите останати живи суштества.

Тие со транспаренти во рацете бараа од надлежните конечно да започнат со примена на хуманите методи до трајно решение на овој проблем – секое животно да има свој дом!

„Се соочуваме со инстутиционална краткогледост и осуда на програмата ЗАЛОВИ-СТЕРИЛИЗИРАЈ-ВРАТИ не земајќи го предвид фактот дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост. Темпото на работа на нашите стационари нема никогаш да ја стигне природната прогресија на уличните животни, ОСОБЕНО ако не се применат и другите мерки што со години наназад ги предлагаме. Ние, граѓаните и членовите на сите здруженија на територијата на РМ, викаме ДОСТА е со третирање на симптомите!“, објавија од таму.


Слично

Поврзани вести