Го нападнал Села, сега лежи претепан на Клинички
Сестрата на Стојан Павлески, еден од обвинетите за нападот на пратеникот Зијадин Села, објави фотографии од неговиот брат како лежи со тешки телесни повреди на Клиниката за Трауматологија и побара од министерот за здравство Венко Филипче да интервенира за да му се обезбеди подобра грижа на нејзиниот брат.
Павлески беше ослободен со условна затворска казна по нападот на претседателот на Алијансата за Албанците откако не беа евидентирани докази против него. Во моментов, според коментарите на социјалните мрежи, неговото семејство отворило банкарска сметка за донации на средства со кои ќе може тој да биде хоспитализиран во некој од приватните болнички центри.
Во моментов тој се уште има скршеници на пршлените и излив во мозокот, иако бил нападнат од непознати лица на влезот од скопскиот Зелен пазар на крајот на септември.
„Инаку, за појаснување: Брат ми Стојан Павлески е чесен МАКЕДОНЕЦ, патриот. Тој влезе со групата патриоти во Собранието на 27-ми април и беше уапсен со Обвинение дека го нападнал Села. Видео снимките покажаа дека тој не е виновен според обвинението, бидејќи го немаше на видео снимките и Судот го ослободи. Но, „соживеаните со нас“, не му простија дека е ПАТРИОТ. Сега сите заедно, по наредба го умираат!“, напиша на Фејсбук неговата сестра, Вера Митевска.
Зијадин Села во меѓувреме бил побаран за коментар од „Фокус“, на што тој одговорил дека не може секој инцидент да се поврзува со него.
