ГО НАДМИНАА СКОПЈЕ: Tри македонски градови екстремно загадени
Многу високо загаден воздух вечерва дишат тетовчани, гостиварчани и кавадарчани.
Овие три града се најзагадени, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Средно загадени се Битола и Кичево, а сите други градови се со помало ниво на загаденост.
191 ПМ честички на 100 микрограми се измерени во Тетово, 144 во Гостивар и Kaвадарци 102, покажува апликацијата Мој воздух.



Индустријата е најголемиот загадувач во Македонија, а владиниот буџет за справување со аерозагадувањето е несоодветен. Ова го покажувааат анализите направени од Европската организација на врховни ревизиски институции.
Слично
