Го лекуваше Глигоров по атентатот: Почина почитуваниот д-р Ачковски
Примариус доктор Петар Ачковски починал од коронавирус. Докторот кој беше познат анестезиолог на КАРИЛ и долгогодишен шеф на трауматологија ја изгуби битката со болеста на 68 години.
Дел од кариерата освен во Македонија ја помина и во здравствени институции во Данска.
Ачковски беше дел од тимот кој го лекуваше Киро Глигоров по обидот за атентат.
Слично
