Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

Четири лица во повеќе наврати месецов краделе машини од МЖ Инфраструктура. Јавен обвинител бара притвор за нив. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против четворица сторители кои во април, извршиле серија тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје, кој се наоѓа на булеварот „Србија“.

„Осомничените во четири одвоени наврати, со употреба на физичка сила и алат, го кршеле катанецот на металната капија од објектот и влегувале внатре. Од таму одземале машини и други предмети, со вкупна вредност од 1.239.000 денари“, соопштија од Обвинителството.

Последниот обид се случил на 14 април, кога двајца од групата повторно дошле до објектот и се обиделе да украдат парчиња лим. Но, вработените ги виделе и ги задржале. 

Слично

Поврзани вести