ГО ИЗМАМИЛА ДЕКА ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ - измамениот дал и пари и накит
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од тетовското село Нераште и Е.А.Н.(39) од тетовско Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Како што информира МВР, И.С. запознал едно лице со Е.А.Н, која лажно му се претставила.
- Откако го довеле во заблуда измамениот дека ќе се венчаат со Е.А.Н., тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит - се наведува во денешниот билтен на МВР.
Слично
