ГО ИЗЛАЖАЛЕ ДЕКА Е НАСЛЕДНИК НА ПАРИ ВО БАНКА: Скопјанец испратил лични податоци и уплатил 2.300 евра
Скопјанец е измамен по пат на интернет од лице кое се претставувало дека е од Турција.
Во СВР Скопје, вчера во 10 часот, 63-годишен скопјанец пријавил дека е измамен за сума од 2.300 евра, од едно лице, кое се претставило дека е од Република Турција. На 25 април годинава преку социјална мрежа и преку електронска пошта лицето го контактирало и го известило дека бил наследник на поголема сума на пари во банка. Лицето му побарало да испрати лични податоци преку електронска пошта и пари за наводни трошоци. Тој ги испратил личните податоци по меил, а парите преку брз трансфер, по што прекинала комуникацијата со лицето и тој сфатил дека е измамен. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
