Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГО ИЗГОРЕВМЕ ТЕВТЕРОТ СО ДАДЕНИ ПОЗАЈМИЦИ И РЕКОВМЕ - ВЕЌЕ НЕ ДАВАМЕ“ - Имер Селмани ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„ГО ИЗГОРЕВМЕ ТЕВТЕРОТ СО ДАДЕНИ ПОЗАЈМИЦИ И РЕКОВМЕ - ВЕЌЕ НЕ ДАВАМЕ“ - Имер Селмани ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„Тоа е многу емотивен момент, некого да одбиеш да не му дадеш пари, бидејќи едноставно не можеш да му влезеш во главата дали тој навистина има вистинска потреба, вистински е во зорт, или евентуално даоаѓа затоа што на лесен начин сака да дојде до пари“. 

Ова е одговорот на бизнисменот Имер Селмани во разговорот за подкастот „Бизнис муабети“ на Фактор, кој се емитуваше вчера и ќе продолжи на нашиот портал да се емитува во петок, секоја наредна недела. 

„На почетокот јас и братми дававме, ќе дојде некој ќе побара, не можевме да одбиеме, кој како бараше, 50, 100 евра, 2.000 евра, на заем. А не на заем даваш таму каде што гледаш дека човекот навистина нема, сиромав, или дете сирак... Водиме сметка, секоја година одвојуваме буџет каде што помагаме на такви луѓе, и тоа се неповратни средства. 

Но имаше луѓе, особено во првите 10 до 15 години, луѓе кои бараат пари и никогаш не ги враќаат, а ќе позајмат на месец, два три. 

И имавме еден тевтер во кој водевме евиденција. И пресековме. Зедовме, го изгоревме тевтерот, и рековме - овие што досега се дадени неги бараме, но веќе не даваме позајмици“, вели бизнисменот Имер Селмани во разговорот за подкастот „Бизнис муабети“ ексклузивно на Фактор. 

Целиот подкаст гледајте го тука


Слично

Поврзани вести