Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го избол зетот со нож во тетовската болница

Го избол зетот со нож во тетовската болница

А.А.(42) од селото Зајас  вчера околу 10 часот во  болницата во Тетово е сериозно повреден од братот на неговата сопруга. 

А.А. и М.Д. (30) во кичевско Горно Строгомиште биле во болницата да ја посетат нивната сопруга и сестра, по што братот вознемирен од лошата здравствена состојба на сестра си почнал да го обвинува зетот за истото. Тој извадил нож и му нанел удобни рани во пределот на левото рамо и левата нога., информираа од полицијата. 

Повредениот во сериозна состојба, но надвор од животна опасност е задржан на болничко лекување. Напаѓачот избегал, но подоцна сам се пријавил во тетовската полиција. 

Полицијата во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото, ножот и други траги се предадени на вештачење.

Против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство.

Слично

Поврзани вести