Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ИСПОЛНИ СОПСТВЕНИОТ СОН ДА СУДИ НА ОИ ВО ТОКИО: По Роланд Гарос и Вимблдон, желба на судијката Анета Павловска е УС Опен

ГО ИСПОЛНИ СОПСТВЕНИОТ СОН ДА СУДИ НА ОИ ВО ТОКИО: По Роланд Гарос и Вимблдон, желба на судијката Анета Павловска е УС Опен

Нејзиниот татко е познат тренер по тенис, па така и битолчанката Анета Павловска започнува прво да тренира тенис, потоа станува тренер, а денес е судија.

За неа да се биде дел од Олимписките игри во Токио, беше остварување на еден сон посебно на настан кој се случува еднаш на 4 години и секој сака да биде дел од тоа.

Ова е посебно животно искуство, раскажува таа Женски магазин, и вели дека тоа е награда за се што сработила до сега.

- Олимпијадата е најголемиот спортски настан кој се случува еднаш на четири години и сите ние кои на било каков начин се занимаваме со спорт сакаме, и напорно работиме за да бидеме дел од тоа случување. Јас ја имав таа привилегија и благодарна сум што заедно со осумте спортисти и двајцата ракометни судии ја живеевме оваа Олимпијада во Токио во живо.И не само што имавме предизвик туку и одговорност, освен себеси да ја претставиме и нашата земја најдобро што можеме.Освен на Олимписките игри на кои бев и избрана да го судам финалето за златен медал, бев дел и од Параолимписките игри во 2016 година во Рио на кои сум особено благодарна бидејќи тоа животно искуство ми го промени животот. Имам судено на Вимблдон, Роланд Гарос, завршниот женски мастерс турнир во Сингапур и Шензен на кој можеш да дојдеш само со покана. Мастерс турнирите во Торонто, Монте Карло, Монтреал, Шангај. И уште на стотина други турнири насекаде по светот.

-Предизвикот го гледам во излегувањето на големата сцена и преполниот стадион. Тоа чувство ме храни и ги дава сите одговори, зошто ја работам оваа работа, а тоа со зборови неможе да се опише. Како што не може да се опише со зборови и чувството кога моите родители дојдоа да ме гледаат на моето прво грен слем финале во Париз. Во иднина би сакала да одсудам меч на УС Опен, на најголемиот стадион на светот.

Целиот разговор со судијката Павловска на Женски магазин

Слично

Поврзани вести