Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го исмевале затоа што е сиромашен, но набргу среќата му се насмевнала

Го исмевале затоа што е сиромашен, но набргу среќата му се насмевнала

На социјалните мрежи беше исмеван еден чистач од Ријад кој замислено гледал во златото во една златара. 

Но, откако приказната се проширила дадено му е злато и многу други подароци. Се работи за чистач од Бангладеш кој е на работа во Саудиска Арабија. 

Заедно со фотографијата бил напишан и неумесен коментар. 

Но, еден од твитерџиите не сакал да седи со скрстени раце и тргнал во потрага по човекот. 

По неколку часа дознал дека човекот е Назер ал Ислам Абдул Карим. 

На крајот многумина сакале да му подарат накит, злато, мобилни телефони, а една фабрика сакала да му даде и вреќи со ориз. 

Назер добил многу вредни подароци. 

„Кога бев пред златарата не знаев што е тоа, само видов блесок. После слушнав дека мојата слика била во медиумите“ - вели овој 65 годишен човек. 

Раскажува дека случајно се нашол пред златара додека работел, но е многу благодарен за подароците. 




Слично

Поврзани вести