Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

Oбвинителството поведе постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче.

„Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете во судир со законот за кое постои сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, во неколку наврати, искористувајќи отсуство на родителите, намамувал петгодишно девојче во куќа и вршел обљуба врз него“, велат од обвинителството. 

Судијата за деца денеска го прифати предлогот и определи притвор за детето во судир со законот.

Слично

Поврзани вести