Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го хакирале профилот на кавадарчанка и објавиле дека ќерките и починале од корона

Го хакирале профилот на кавадарчанка и објавиле дека ќерките и починале од корона

На жена од Кавадарци ѝ е „хакнат“ Фејсбук профилот, а сторителот пишал дека ќерките ѝ починале од коронавирусот, при што е објавена и фотографија.

Дека станува збор за лажна вест, за МИА потврди сопругот на кавадарчанката и татко на двете млади девојки. Кавадарчани и тиквешани денеска со неверување ја примија оваа вест која се ширеше на интернет. Дополнително, ја осудија постапката на тој што си поиграл со чувствата на семејството од Кавадарци. Но, побараа и санкционирање на таквите постапки и ширењето лажни вести. 

Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести