Го фрлил во лутина, а три години по неговото заминување се откри вистината: што имало на скршеното цеде на маестро Кире Костов?
Уметникот заминува, но неговите дела остануваат. Тој внатрешен порив што го тера да создава не исчезнува. Делото го остава во ноти, песни, во записи, зачувани на цеде, ставени во фиоки, меѓу работи што на прв поглед изгледаат обични. Тие чекаат повторно да бидат откриени.
Токму така започнува и оваа приказна за маестро Кире Костов, еден од најзначајни автори на македонската музичка сцена. Во еден период од својот живот, тој создал десет песни за српска пејачка, која првично ги нарачала и отпеала, но подоцна се предомислила. Разочаран од веста, Костов го фрлил цедето на земја и го искршил. Сведок на таа сцена била неговата сопруга Кармен, објави Женски магазин.

Но, и во тој момент на лутина го фрлил цедето во канта за ѓубре, но не се откажал од своето дело. Подоцна, неговата сопруга бараќи во неговите работи, нашла едно цеде и сфатила дека е копија од тоа кое го фрлил во ѓубре.


Како потсетник на нешто што не било довршено. Водена од емоција и почит кон неговото творештво, Кармен одлучила да направи обид да спаси дел од материјалот и се јавила кај пејачката Бојана Скендеровски.
Со трпение и посветеност, Бојана успеала да извлече дел од снимките, прво две, а потоа вкупно пет песни. Тие првично биле отпеани на српски јазик, но нивната приказна тука не завршува.
Следејќи ја својата интуиција, таа го контактирала текстописецот Огнен Неделковски за да ги преслуша и да направи препев на македонски. Но, токму во тој момент се случило нешто неочекувано- Огнен препознал дека текстот на една од песните, иако на српски, е всушност негово дело. Како животот да ги споил сите нишки во вистинскиот момент.

Денес, овие песни се повеќе од музика. Тие се љубов, се спомен, се доказ дека вистинската уметност не исчезнува. Таа само чека повторно да биде пронајдена и повторно да допре до нечие срце. Кој ќе ги отпее, да ги слушне и публиката времето ќе покаже.
С.А.Н
