Го фатиле „жив“ како краде во возило: На велешанецот не му било прв пат
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 04.30 часот го привеле 47-годишникот Б.А. од Велес. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во патничко возило. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
„Б.А. се сомничи дека и претходно сторил повеќе тешки кражби во патнички возила, а досега се расчистени шест од нив. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 и член 206 од Кривичниот законик, стои во полициското соопштение.
Слично
