ГО ФАТИЛЕ НА НАДЗОРНА КАМЕРА: Maж подметнал пожар во Делчево
При преглед на надзорна камера, регистрирано e лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон. Настанот се случил во вечерните часови на 9 јули, а на снимката се забележува лице кое по палењето бега од местото на настанот.
Жител на Делчево пријавил до надлежните. Истрагата е во тек и работат на идентификација на лицето. Локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават вакви и слични сомнителни активности.
Полицијата деновиве уапси повеќе лице за подметнување на пожар.
Фатени беа лица во Скопје, во тетовско, како и жена од дебарско која запалила сува трева.
Слично
