Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го држеле во стан во Скопје, го тепале и сечеле со жилет

Го држеле во стан во Скопје, го тепале и сечеле со жилет

Tри лица кои со жилет сечеле битолчанец и изнудувале пари од неговите родители, добија притвор од 30 дена. 

Тие во периодот од 13.12.2019 до 15.12.2019, заедно договорени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со  употреба на сила кон едно лице од Битола ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1.600 евра. Тие го држеле оштетениот затворен во стан во скопската општина Аеродром, го тепале со тупаници и предмети по главата и телото, го сечеле со жилет по грбот, па потоа му турале сол и парфем на раните. 

Откако телесно го повредиле тие воспоставиле најпрво телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видео повик со родителите и побарале од нив износ од 40.000 евра во замена за ослободувањето на нивниот син.

Се согласиле мајката да им донесе првичен износ од 1.600 евра како дел од вкупниот износ од 40.000 евра кои ги барале.  Мајката парите ги донела во Скопје и ги оставила во возилото на нејзиниот син, марка Алфа Ромео, паркирано во Шуто Оризари.

Основното јавно обвинителство Битола почна постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Изнуда од член 258 ст.1 в.в. со член 22 од Кривичниот законик.

Слично

Поврзани вести