Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО ДЕМАНТИРА БОКИ 13: Вилма Русковска кажа каде завршила торбата „Луј Витон“

ГО ДЕМАНТИРА БОКИ 13: Вилма Русковска кажа каде завршила торбата „Луј Витон“

Имаме доказ дека торбата „Луј Витон“ од кај Камчев завршила во куќата на родителите на Боки 13, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска. 

Таа по сведочењето на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кажа дека најголем дел од исказот што денеска го даде Јовановски пред судот, не е вистина.

„Што се однесува до торбата за која тврдеше дека ја видел кога Милески ја земал и после два три дена кога Милески ја вратил, во анализата на неговиот телефон има слика, точно локација кајшто живеат родителите на Бојан Јовановски, точно време, торбата е внатре. Значи имаме и време локациски, кое нешто се совпаѓа со тоа дека од кај Камчев торбата завршува во куќата каде живеат родителите на Јовановски. Тој доказ беше презентиран и доставен пред Судот“,  рече Русковска.

Бојан Јовановски на денешното рочиште за предметот „Рекет“ рече дека со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, исто така обвинета за истиот случај, прв пат контактирал во септември 2018. Боки 13 рече дека синот на поранешната шефица на СЈО не бил вработен заради изнудување реклами од бизнисмени.

Рече дека тој ништо не избришал од телефонот. За Јанева кажа дека е чесна жена. 

Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка го тужи Бојан Јовановски - Боки13 затоа што нелегално ја снимал во нејзиниот дом. 

Судењето почна во декември лани. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. Пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

фото МИА

Слично

Поврзани вести