Економија, финансии, бизнис

Контакт

Го бркале низ паркинзи во Ѓорче Петров и пукале по него

Го бркале низ паркинзи во Ѓорче Петров и пукале по него

Доцна синоќа, некаде после полноќ, се случил вооружен напад во скопската населба Ѓорче Петров во кој по нападнатиот се пукало повеќе пати, а еден куршум го повредил, објави денеска 24 Инфо, од каде се повикуваат на информации од директни сведоци на настанот.

Нападнатото лице било пресретнато пред влезот од зградата во која живеел, а  откако првиот куршум не го погодил, тој почнал да бега по околните паркинзи. 

Напаѓачот тргнал по него испукувајќи уште неколку куршуми од кои едниот го погодил, по што напаѓачот заедно со уште едно лице се дале во бегство.

Екипи на МВР до рано утрово вршеле увид на местото, а подетални информации од полицијата очекуваме во текот на денот.


Слично

Поврзани вести