Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГО БАРАЛЕ СО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Македонец е уапсен во Драч

ГО БАРАЛЕ СО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Македонец е уапсен во Драч

Македонец баран со меѓународна потерница e уапсен во aлбанскиот град Драч. 

Тој бил осуден на четири години затвор.  Човекот е уапсен при обид да ја напушти албанската територија.

„На излез на граничниот премин во Драч, службите на граничната полиција, како резултат на зголемените мерки и размена на информации со Интерпол Тирана, го приведоа М.О. (32) државјанин на Македонија, баран со меѓународна потерница“, стои во полициското соопштение.

При  обработката и верификацијата на податоците во системот, овој граѓанин се покажал како меѓународно барано лице, откако Судот против организиран криминал и корупција во Македонија го осудил на четири години затвор за кривично дело „илегална организација на имиграција“. Стручните лица на одделот за истраги на криминал при полицискиот комесаријат Драч, извршиле привремено апсење на ова лице, со цел негова екстрадиција во Македонија.

Слично

Поврзани вести